Јанева и Јанкулоска се среќаваат во „Идризово“

by fokus

Поранешната специјална јавна обвинителка Катица Јанева веќе еден месец е во затворот „Идризово“, каде што ја издржува правосилната затворска казна од седум години за случајот „Рекет“.

Како што дознава „Фокус“, од доброупатени извори, Јанева е сместена во соба (во женското одделение просториите наликуваат на соби, не на ќелии) заедно со уште една затвореничка.

Во истото одделение затворската казна ја издржува и екс министерката Гордана Јанкулоска. Таа е во посебна соба, но во текот на денот делат заеднички простории со Јанева. Како што дознаваме, и двете имаат коректен однос и нема аномозитет меѓу нив, поради што и немало потреба да се ограничи нивното гледање и сретнување.

Јанкулоска издржува затворска казна од четири години за случајот „Тенк“, кој го покрена тукму СЈО, каде што шефица беше Јанева.

Случајот „Рекет“, пак веќе стигна пред Врховниот суд, каде што се поднесени барања за вонредно преиспитување на правосилната пресуда. Апелациониот суд во јули годинава ја потврди првостепената пресуда со која Јанева се осуди на 7, а Бојан Јовановски на 9 години затвор.

Валентина Вурмо

Поврзани новости