Од доказите што Специјалното јавно обвинителство (СЈО) ги има за случајот „Титаник“, произлегува дека самиот избор на претседател на државата, на уставните судии и на пратениците во Собранието е доведен во прашање и изјави специјалната обвинителка Катица Јанева, запрашана за коментар за одлуката на Уставниот суд околу Законот за помилување.
– Со самите истраги за овие лица кои се или биле на високи функции во РМ и со доказите со кои располагаме кои во 80 проценти го докажуваат обвнинението со кое имаме намера да настапиме сметаме дека самиот избор и на претседателот и на Уставен судија и на пратеници е доведен во прашање. Сите овие се нелегитимни институции и треба да го почитуваат Специјалното јавно обвинителство за да ја утврдиле вистината, одговори Јанева на новинарско прашање со кое се побара коментар на скорешната одлука на Уставниот суд којшто му ги врати ингеренциите на претседателот да помилува осудени за изборен криминал и тоа во светло на истрагата на СЈО „Титаник“ во којашто осомничени се и поранешни и актуелни високи функционери од владата на ВМРО ДПМНЕ.