Јанева денеска се врати на работа во СЈО

by fokus

Специјалната јавна обвинителка Катица Јанева денеска се врати на работа во СЈО, откако неколку дена беше на одмор. Оваа информација за „Фокус“ официјално ја потврдија од обвинителството.

Јанева, сѐ уште не добила покана да се појави на распит во Обвинителството за гонење на организиран криминал и корупција, а во однос на истрагата за „Рекет“, во која засега има двајца осомничени Бојан Јовановски и Зоран Милевски -Кичеец. Обвинителката Вилма Русковска неодамна најави дека е можно истрагата за „Рекет“ да се прошири.

В.В.

 

Поврзани новости