Јанева: Бомбите еден ден ќе бидат историско богатство!

by fokus

СЈО да израсне во силен орган на прогон. Трајно обвинителство, организирано како сите обвинителства, со финансиска независност, со посебен буџет. Никој да не може да се меша во протокот на предмети, а шефот на СЈО да има мандат од пет години. Обвинителите, пак, да ги избира Советот на јавните обвинители, по претходно мислење од првиот човек на специјалното јавно обвинителство.

Ова накратко е замислата на Катица Јанева за тоа како СЈО треба да продолжи да функционира во иднина, за што и во обвинителството се подготвува нов Закон за СЈО.

Таа, на денешната дебата во МАНУ, за реформите во обвинителството, истакна дека треба да се најде начин и каде ќе завршат бомбите.

-Предложивме до Министерството за правда да се формира тело кое ќе реши каде ќе се чуваат овие бомби, бидејќи предметите нема брзо да завршат. Еден ден тие ќе бидат историско богатство, истакна Јанева.

Поврзани новости