Јанев: Додека не ги почитуваме правилата, сите сме потенцијални жртви

by Fokus

Александар Јанев, директор на Бирото за јавна бебзедност изјави дека се размислува за комбинација на повеќе мерки за подигнување на безбедноста во сообраќајот и оти се преземаат активности за да може да се пушти во функција системот „Безбеден град“.

Во одговор на новинарско прашање дали се размислува за нови мерки по сообраќајките со жртви во изминатата недела, Јанев денеска порача дека се додека не ги почитуваме сообраќајните правила без разлика дали има сообраќајни патроли или не изложени сме на опасност и сме потенцијални жртви во сообраќајот.

– За жал, морам да констатирам особено неделата што измина имаме сообраќајни несреќи со жртви. Од друга страна добро е што во урбаните средини каде се зајаканати контролите е намален бројот на сообраќајни незгоди и на прекршоци, а е зголемен бројот на детектирани и потенцијални прекршители, што значи дека мерките што ги применуваме даваат соодвети ефекти. Меѓутоа, кажувам како граѓанин, а не претставник на институција, мора сите да ја промениме сообраќајната култура. Ние можеме да бидеме и на секоја точка, ако некој кој ќе ја помине сообраќајната патрола повторно вози како да нема ништо навистина е тажно за сите нас, за жал придонесува со тешки телесни несреќи, високи материјални штети и со жртви. Секако дека размислуваме за микс на мерки кои во иднина ќе ги применуваме. И применуваме. Секојднево работиме со колегите задолжени за сообраќај на национално стратешко ниво, во секојдневна комуникација сме со чинителите низ државата, со општинските власти и со ЈП „Улици и патишта“ во делот на  обележување хоризнтална, вертикална, времена сигализација, изјави директорот на Бирото за јавна бебзедност Александар Јанев.

Првите казни од „Безбеден град“ ќе почнат од 1 јануари 2026 година, иако, како што најави, функционирањето на системот ќе се случи порано.

Поврзани новости