Јане Ченто од затвор агитира за Силјановска и ги повикува бојкотирачите да гласаат

by fokus

Осудениот за настаните од 27 април, Јане Ченто, од затвор каде ја одлежува казната, агитира за кандидатката за претседател на ВМРО-ДПМНЕ, Гордана Силјановска. Тој испрати порака до оние што го бојкотираа првиот круг од изборите велејќи дека поради нив излезноста беше само 42 отсто од гласачите.

„Од Вас зависи дали Силјановска ќе биде новиот претседател и дали ќе има предвремени парламентарни избори на есен кога конечно ќе ја испратиме оваа криминална банда во историјата или ќе одлучите да го бојкотирате и вториот круг за да можат Заев и неговата криминална банда да владеат уште најмалку 2 години каде што ќе се обидат да ја зацврстат власта со сите можни средства. Знам дека бројката за бојкот е голема но доколку гласате за Силјановска таа ќе биде новиот претседател и оваа криминална власт ќе биде на колена и ќе мора да си оди. Вашиот бојкот ќе го донесе Стево за претседател а со тоа и ќе се легитимира проектот „Северна“, вели Ченто.

Според него СДСМ е во слободен пат, а разочарани од владејачката гарнитура се и Албанците, вели Ченто, кои исто така, според него, сакаат да промена на власта.

„Изборот е Ваш, се надевам дека ќе ја видете оваа историска шанса да ги испратиме транзициските политичари во историјата и дека ќе гласате за бројот 2 односно за Проф. Силјановска Давкова за да можеме да ја испратиме оваа криминална влада во историјата и на есен да дојде нова, чесна, достоинствена и праведна влада. Влада составена и од десни и од леви партии кои и мислат добро на државата и на граѓаните, влада од чесни Македонци, Албанци, Турци, Срби, Бошњаци, Роми и останати етнички заедници. Републиката треба да ја издигнеме од калта во која ја закопа оваа криминална банда и ќе успееме во издигањето сите сплотени. Промената започна на 21ви Април а на 5ти Мај треба да удриме печат на победата за подобра Република Македонија“, порачува Ченто.

АРГУМЕНТИ ЗОШТО ТРЕБА ДА ГЛАСАТЕ ЗА ГОРДАНА СИЛЈАНОВСКА ДАВКОВА , А НЕ ДА ГО БОЈКОТИРАТЕ ВТОРИОТ КРУГ НА…

Publiée par Слобода за Јане Ченто sur Jeudi 25 avril 2019

Поврзани новости