Јандроковиќ: Над ЕУ и НАТО се надвиснуваат сиви облаци

by Fokus

Над ЕУ и НАТО се надвиснуваат сиви облаци, нивната иднина е непозната и затоа е потребно многу труд за да се постигне траен светски мир, порача денеска во македонското Собрание претседателот на хрватскиот Сабор – Гордан Јандроковиќ.

„Последните месеци сведоци сме дека на двете страни од Атлантикот постојат различни визии за тоа како треба да изгледа еден мир. Времето ќе покаже во која мерка е возможно да се воспостави заедничка визија за тој мир. Нам ни е важно тој мир да биде одржлив и праведен, а не да биде неизвесна иднина“, рече Јандроковиќ.

Јандорковиќ кој се наоѓа во официјална посета на Македонија, во говорот се осврна и на патот на земјава кон ЕУ, при што рече дека не е коректно што земјава пет години чека за формален старт на преговорите за членство.

„Ми претставува особена чест и задоволство што можам да ви се обратам. Благодарам за оваа можност. За жал, македонскиот јазик го разбирам, но не го зборувам, па ќе продолжам на хрватски јазик. Сакам да кажам дека пријателството меѓу Хрватска и Македонија е многу силно. Потврдата за тоа го чуствувам на секој чекор. Од првиот момент кога сум овде, таму каде што грее златното сонце, како што пее Дадо Топиќ, мој омилен хрватски пеач. И тој вели дека додека Вардар ги гушка полињата со жита, таа ги воодушевува сите срца, ги воодушевува сите луѓе“, рече Јандроковиќ.

Поврзани новости