„СДСМ ќе ја поддржи одлуката за субвенции на ЈСП, извештаите за работа не ги поддржуваме затоа што извештаите се дел од работата на јавното претпријатите со амин на Управниот и Надзорниот одбор од ДПМНЕ кои се виновни за хаосот во јавното претпријатие“ рече координаторката на Советничката група на СДСМ во Советот на Град Скопје – Љубица Јанчева на денешната вонредна седница.
– Управните одбори вие како мнозинство ги избравте, извештаите ги прифаќаат а тука согласност за извештаите на совет не се дава. Ги повикувам сите членови на Надзорниот и Управниот одбор, на чело со Горан Илиевски од ВМРО-ДПМНЕ да кажат како работи ЈСП? Дали тие луѓе добија надоместок за присуство на нивните седници на Управен и надзорен одбор? Да добиле, но вработените во ЈСП плати не добиле. Како тоа Управните одбори ги гласаат извештаите за работа на ЈСП кои ние како Совет треба само согласност да дадеме?, рече Јанчева.
На Скопје му е потребен нов концепт за јавен превоз, потенцираше таа.
– Нов концепт на јавен превоз му е потребен на Скопје, она што ДПМНЕ 2 години одбива да го прифати, а тоа е БТР брзиот рапид транзит, за којшто повторно Владата на СДСМ истури пари, даде гаранција за ЕБОР да одобри кредит од 70 милиони евра. Со овие пари освен што ќе имаме нов превоз ќе имаме и нови автобуси без задолжување, рече Јанчева.