Јанчева: Половина мандат на ДПМНЕ во Скопје, нема бесплатен превоз a ЈСП е пред колапс

by Fokus

На половина мандат, на Скопје му се случува нова катастрофа поради неспособната локална власт на ДПМНЕ, изјави на прес-конференција, Љубица Јанчева, координаторка на советничка група на СДСМ и коалицијата во Советот на Град Скопје.

Таа рече дека изминуваат две години од мандатот на ДПМНЕ во Скопје – заедничка локална власт со градоначалничката Арсовска за којашто бараа доверба од граѓаните.

„Најголемо ветување на изборите беше ветувањето за целосно бесплатен јавен градски превоз. По 2 години, бесплатен јавен градски превоз во Скопје ветен од ДПМНЕ нема! Не е реализирано ниту ветувањето за 250 нови автобуси. Проектот за еколошки, брз транспорт БТР, е стопиран. Не само што нема бесплатен превоз, туку градскиот сообраќај и јавниот транспорт се во постојан хаос, а ЈСП пред колапс. На приватните превозници повторно, со месеци им се доцни исплатата. А за средношколците дотациите, за бесплатен јавен превоз се 100 отсто исплатени“, рече Јанчева.

Поврзани новости