878
Позитивно е тоа што поранешниот шеф на УБК, Сашо Мијалков реши сам да се пријави во Обвинителството да го земе решението за куќен притвор.
Ова го истакна градоначалникот на Кавадарци, Митко Јанчев во своето гостување во Студио 10 на ТВ 24, осврнувајќи се на политиките на ВМРО-ДПМНЕ.
„За државата најдобро е што Мијалков се јави во Обвинителство и се соочи со правдата. Ова покажа дека и политичарите носат општествена одговорност. Сега тој ќе каже каде бил тие два дена, дали имал толкава температура“, истакна Јанчев.