Градоначалникот на Кавадарци, Митко Јанчев на денешната седница на Советот на општина Кавадарци упати јавна критика до советниците од редовите на ВМРО-ДПМНЕ, кои не сакале да застанат на прес конференција заедно со советниците од СДСМ.
-ВМРО-ДПМНЕ не прифати да стои на прес конференцијата за две години од градоначалничкиот и советнички мандат, заедно со советниците од СДСМ. СДСМ немаа никаква забелешка да стојат на пресот, благодарност до вас. Негативна критика до мојата партија, недозволиво е тоа да оди на лична база и на суета. Не напаѓам никого, сакам нивната свест да се дигне на повисоко ниво. Јас сакам да повикам, секој граѓанин будно да ги следи однесувањата на сите политички фунцкионери и да пази за кого ќе гласа. Јас се надевам ќе имаат можност да се искоригираат, и ако ништо друго, мојата партија ВМРО-ДПМНЕ да стане партија за народот, а не партија водена од лични интереси. Како градоначлник не се оградувам од ВМРО-ДПМНЕ, но нема да дозволам затоа што сум од ВМРО-ДПМНЕ, да има штети на било која населба, рече Јанчев.
Тој додаде дека советниците од ВМРО-ДПМНЕ предвреме ја напуштиле седницата на Советот за да не гласаат за одредени точки на дневниот ред кои се во интерес на граѓаните, бидејќи имале несогласувања во сопствената коалиција.