Јанчев: Среде енергетска криза отвораме нова хидроцентрала

by fokus

При крај е изградбата на 5-та централа за производство на електрична енергија кај старите резервоари над селото Ваташа, Кавадарци, информира градоначалникот Митко Јанчев.

Тој појаснува дека среде енергетска криза се гради хидроцентрала со капацитет од 250 kw на час, со што значително ќе се подобрат услугите кон граѓаните.

-Денес започна поврзувањето на водоводната линија од средна и ниска зона, кое ќе биде завршено во наредните два дена.

Инаку, при крај е и изградбата на 5-та централа за производство на електрична енергија кај старите резервоари над селото Ваташа, инвестиција на ЈП Комуналец.

Се очекува за краток период не само да бидат повратени инвестициите, туку со самото производство на електрична енергија да се подобри состојбата на услугите кон граѓаните. Изведувач на работите е компанијата Градба Промет – појасни Јанчев.

Вики Клинчарова

Поврзани новости