497
Потпретседалот на ВМРО-ДПМНЕ, Митко Јанчев во вечерашното гостување на телевизија 24 рече дека ВМРО-ДПМНЕ нема да прави опструкции на денот на гласањето на референдумот.
-Ние не можеме да се согласиме дека 99 посто од граѓаните го поддржуваат референдумот. ВМРО-ДПМНЕ истакна дека нема да прави опструкции на денот на гласањето. Нашето членство е оставено само да си размисли, а никако нема да има одвраќање на луѓе, сликање, тоа е одлика на едно минато време. Ако нема цензус на референдумот, потешко ќе биде уставните измени да поминат во Собранието. Пратениците се живи луѓе и тоа нема да им биде лесно, рече Јанчев.