Јанчев: Му ветивме помош на Заев против опструкциите на Мицкоски

by fokus

Во саботата се сретнавме со премиерот Зоран Заев во еден струмички хотел на негово барање, да разговараме за процесите кои се во тек и политичките случувања, вели за ТВ 24 разрешениот потпретседател на ВМРО-ДПМНЕ, Митко Јанчев.

Јанчев тврди дека на средбата на која бил со Никола Тодоров воопшто не бил споменат притворот на Сашо Мијалков. Вели тоа е процес кој го водат правосудните институции и во кој ние не се мешаме.

„Ветивме помош против опструкциите од страна на Христијан Мицкоски во делот на уставните амандмани во интерес на државата. Тоа ќе биде транспарентен процес без задни намери за никого. Јас како Митко Јанчев очекувам што повеќе пратеници да се вклучат во процесот на уставни измени се со цел да се подобри Договорот од Преспа и да се зајакне идентитетот за доброто на сите граѓани на Р.М.“ – вели Јанчев за ТВ 24.

Поврзани новости