Мислам дека ќе бидам кандидат на ВМРО-ДПМНЕ за уште еден мандат, вели градоначалникот на Кавадарци Митко Јанчев, кој на оваа функција пред 4 години беше избран како кандидат на ДПМНЕ, но во меѓувреме се разиде со партиското раководство предводено од Христијан Мицкоски, по што беше разрешен од потпретседателската функција во опозициската партија. Како што вели Јанчев, ги надминале несогласувањата со Мицкоски.
-Секој можен противкандидат кој може да направи за Кавадарци, би дозволил да има дискусија, не би именувал никој. Не мора да се каже дека ако некое име се врти сега, не значи дека тој ќе е противкандидат за градоначалник. Јас не верувам дека има шанси ВМРО-ДПМНЕ да не ми ја даде довербата. Мислам дека партијата треба да се соедини, да направиме добри резултати на наредните локални избори. Разликите во мислењето треба да го ставиме настрана, за доброто на граѓаните – порача Јанчев.