Јанчев ги кани на средба сите засегнати за да се реши проблемот со лозарите

by fokus

Ако, како што тврдат од винарската визба „Тиквеш“ дека поединци манипулирале со кавалитетот при откупот на грозјето, тоа не значи дека сите останати лозари кои соработуваат со винарницата со години треба да страдаат да го фрлат својот род. Тоа е пораката која ние околу 700 лозари ја упатуваме до нејзиниот менаџмент, велат лозарите кои протестираат во Кавадарци.

Порача да се продолжи со откупот на грозјето и да се истакнат ценовници, да се почитуваат неформално договорените цени и трудот на лозарите бидејќи во иднина нема да го предаваат грозјето во „Тиквеш“.

-Срамота е ова што му се прави на лозарот, ако имало неколку манипулатори дали тоа значи дека треба да се удри по грбот наш и да го фрлиме родот. Цел ден чекаме пред винаријата, грозјето почна да тече од приколките, порачаа лозарите.

Градоначалникот Митко Јанчев, кој се уште е со лозарите кои протестираат, ги покани сите советници од регионот како и градоначалници, пратеници и министерот за земјоделство, Аријанит Хоџа или ако тој е недостапен, претставник од министерството, да дојдат утре во неговиот кабинет на средба во 11 часот.

-Жални се сликите кои ги гледам, урнатата ограда, и полицијата којашто стои пред лозарите. Апелирам сите надлежни да се појават на средбата бидејќи бербата е во тек и да не им се прави штета на земјоделците кои чесно си го заработуваат своето парче леб, порача Јанчев.

Вики Клинчарова

Поврзани новости