456
Митко Јанчев во вечерашното интервју на телевизија Канал 5 ја објасни својата изјава дека не може Христијан Мицкоски да го врати во ВМРО-ДПМНЕ, бидејќи тој планира да ја води партијата.
-Тоа го кажав во контекст дека доколку на следниот Конгрес на ВМРО-ДПМНЕ, успеам да екипирам квалитетен тим, да направам квалитетна програма, ако имам можност Статутот на партијата да го направам подемокртски и полиберален, да би бил потенецијален кандидат, рече Јанчев.