ЈанакиЗнае започнува платформа за обезбедување на онлајн правни совети

by Fokus

ЈанакиЗнае започнува платформа за обезбедување на онлајн правни совети обезбедени од адвокат преку склучување на договор за обезбедување на усни и писмени правни совети преку платформата на вебсајтот.

Платформата ја започнуваме со адвокат м-р Јанаки Митровски со кого склучивме меѓусебен договор, но во иднина очекувајте нејзино проширување.
Цените на услугите се во согласност со Адвокатската тарифа на Адвокатската комора на Македонија (Службен весник број 126/16)


Одберете еден од слободните термини од календарот и внесете ги Вашите податоци онака како што се наведени во означените полиња. Опишете го вашиот легален проблем или правно прашање во означеното поле, и прикачете ги сите документи кои се потребни за одлучување. Задолжително наведете дали сакате скајп состанок или одговор по емаил.

Рок за одговор е 24 часа. Доколку Вашиот правен проблем не е од доменот на потесна специјалност на адвокатите со кои соработуваме, барањето ќе биде одбиено, а резервираните средства ќе Ви бидат вратени.

Поврзани новости