ЈанакиЗнае Ве кани на прва правна конференција „Tres Partes”

by Fokus

ЈанакиЗнае Ве поканува на својот прв настан од овој вид, правна конференција поделена на три дела, симболично насловена „Tres Partes”. Конференцијата ќе се одржи на 26.12.2018 година во хотел „Континентал“ со почеток од 10.00 часот.

Конференцијата ќе биде поделена во три дела:

1. ИЗВРШЕН ДЕЛ со работен наслов „Дали е потребно укинување на извршителите?”, на кој учество во својство на предавачи ќе земат: м-р Зоран Василевски, кој ќе ја застапува тезата ПРО укинување на извршителите, извршител Снежана Андреевска, која ќе ја застапува тезата КОНТРА укинување на извршителите и извршител и поранешен судија за извршување, Христо Јованов кој ќе предава во делот на извршувањето пред да се укинат судиите извршители.

2. ГРАЃАНСКИ ДЕЛ со работен наслов „Дали се шаблонизира институтот надомест на нематеријална штета”, на која предавачи ќе бидат: адвокат Маруша Митровска од Скопје, судија Љубица Колиќ од Основен суд Скопје 2 и м-р судија Ѓорѓи Радојков од Апелационен суд Скопје.

3. КРИВИЧЕН ДЕЛ со работен наслов „Неприменување на кривично-правните институти”, во кој дел предавачи ќе бидат: м-р Јанаки Митровски, адвокат од Скопје, проф. д-р Никола Тупанчевски, редовен професор по Казнено право при „Јустинијан Први“, проф. д-р Александра Деаноска вонреден професор по Казнено право при „Јустинијан Први“ и Оља Ристова, судија при Основен суд Скопје 1.

После секој дел ќе следува интерактивен дел со публиката преку поставување прашања и коментари од страна на учесниците и кафе пауза.

Котизацијата за конференцијата во својство на учесник изнесува 3.650,00 денари со вклучен данок и работен материјал, ж-ска број 24008018071605 при Уни банка на име Јанаки Знае ДОО со задолжителна цел на дознака ЗА ПРВА ПРАВНА КОНФЕРЕНЦИЈА „TRES PARTES“. За активни студенти и постдипломци(со приложен индекс) котизацијата изнесува 2.350,00 денари со вклучен данок.

 

Поврзани новости