Јанакиески за ТНТ : За жал Груевски го нема, јас немам потпишано ливче

by fokus

За жал Груевски го нема, јас ливче немам потпишано за овој предмет, рече поранешниот министер, Миле Јанакиески во судница, додека се чекаа решенијата за адвокатите по службена должност кој им ги додели судот на четворица обвинети,чии адвокати  не дојдоа на судење за случајот ТНТ, за незаконското рушење на комплексот Космос на Фијат Цаноски.

Јанакиески побара од судот како сведоци да може да ги испитува Фијат Цаноски и Ардијан  Амзоски за јавноста да ја дознае вистината.

– Цаноски комуницирал со Груевски, јас ливче немам потпишано, рече Јанакиески.

– А каде е Груевски, го нема, го праша судијата Огнен Ставрев обвинетиот Јанакиески.

– За жал го нема, рече Јанакиески.

Сепак судот не му дозволува на Јанакиески да ги предложи овие двајца оштетени како сведоци,бидејќи биле присутни на судењата.

Судскиот процес за ТНТ е при крај и одбрана треба да даде Јанакиески.

Тројца адвокати  кои застапуваат четворица обвинети не дојдоа во суд,па судијата ги казни и им одреди на обвинетите адвокати по службена должност.

– Ова е злонамерно, ова се прави заради одолговлекување, досега 50 пати сте се менувале еден со друг, се ви беше дозволено и сега доаѓа крајот на судењата и вие откажувате полномоштва на адвокатите, им рече судијата на адвокатите.

Ф.Ф.С.

Поврзани новости