Јанакиески убеден дека ќе ја докаже невиноста, за сведок ќе го повика Ѓорге Иванов

by fokus

Поранешниот министер, Миле Јанакиески кој е обвинет и за организација на „крвавиот четврток“ во воведните зборови пред судот порача дека е убеден дека ќе ја докаже својата невиност и го цитираше поранешниот американски претеседател, Барак Обама, „Ако чекориш по патот на правдата, ќе дојдеш до правната цел“.

Тој не пропушти да каже дека жали што сите осомничени не се тука, алудирајќи на поранешниот премиер, Никола Груевски кој е обвинет во овој случај, но не му се суди бидејќи е во бегство во Будимпешта, додека Јанакиески, како што потенцираше, 16 месеци е во притвор.

Исто како и обвинетиот поранешен министер, Спиро Ристовски тој го оспоруваше исказот на обвинетиот во првиот случај за упадот во Собрание, Александар Василевски-Нинџа и како и другите обвинети вели дека цело обвинение се базира на неговата како што рече „лажна“ изјава.

И тој како и Ристовскипреку базните станици ќе докажува дека со Нинџа не биле во исто време во штабот на ВМРО-ДПМНЕ и дека Нинџа не можел да слушне како давале насоки.

Тој испрати апел до обвинителот Љубомир Јовескида го повлече обвинението и да отвори нова истрага, а неговата изјава која ја има дадено во обвинителството побара да биде јавно објавена.

Адвокатот на поранешниот директор на УБК, Владмир Атанасовски, Јордан Апостолски во воведниот говор рече дека од македонските органи бараат да се разјасни што барале странски разузнавачи во Собрание и кој е навистина вмешан во тој настан. Тврдеше дека неговиот клиент направил се да го одбрани уставниот поредок од внатрешни и надворешни влијанија. Атанасовски од сите обвинети не даде воведен збор.

Со денешното рочиште завршија воведните зборови на обвинителството, обвинетите и нивните адвокати и на следното рочиште закажано на 17 март, можно е како сведок да се појави техничкиот министер, Оливер Спасовски.

 

Спиро Ристовски за 27 април: Ниту сум организирал, ниту сум бил на осмиот кат во Белата палата

Одбраната за 27 април: Нинџа не ги видел Спиро и Миле во ВМРО-ДПМНЕ

Вељаноски во воведен говор: Македонскиот народ најмногу страда од слугите на сите режими

Техничкиот премиер, иако беше најавено, денеска нема да сведочи за организирањето на ‘крвавиот четврток’

 

Поврзани новости