633
Имам одлични односи со министерот за финасии, Зоран Ставрески, кој воедно го сметам и како дел од своето семејство, посочи денеска министерот за транспорт и врски, Миле Јанакиески, коментирајќи го телефонскиот разговор меѓу Ставревски и министерката за внатрешни работи, Гордана Јанкуловска, во кој Јанакиески се споменува во негативен контекст.
– Покрај тоа што ми е колега, јас го чувствувам Ставрески и како многу близок пријател. Тој е еден од моите подобри соработници со кого дискутираме буквално за сите проекти и наоѓаме средства за реализирање на проектите – вели Јанакиески, според кого, телефонските разговори што ги објавува опозицискиот лидер, Зоран Заев, се класичен монтиран случај во соработка со странски служби.