Јанакиески се сомневал дека е заразен со корона вирусот, но во Кривичниот суд стигнал негативен тест

by fokus

Денеска во Кривичниот суд се оддржа судење за “Шпанските скали”, иако обвинетиот Миле Јанакиески се сомневал дека можеби е заразен со корона вирусот.

Поточно, Јанакиески во петокот направил Ковид тест, но резултатот кој пристигнал подоцна сепак бил негативен.

Како што дознава “Фокус” сомневањето дека е можеби заразен се појавило во петокот при здравствен преглед, а дел од адвокатите вклучени во процесот слушнале и дека имал позитивен тест, но од оние брзите, кои се прават преку анализа на крвта.

Сепак, на крајот известувањето за негативниот тест официјално бил испратен до судот, по што се оддржало судењето. Инаку, Јанакиески се наоѓа во куќен притвор.

Во случајот „Шпански скали“, покрај ексминистерот Јанакиески, обвинети се Димитар Димовски, Билјана Дејановска – Димитровска, Виолета Самарџиска, Анета Јорданова, Дејан Митевски, Емилија Радојкова, Снежана Крстевска, Ристо Папазов, Лидија Смиљановска и Марјан Јованов.

Тие се товарат дека со незаконската продажба на парцелите пред зградата на ЕВН на плоштадот во Скопје, ја оштетиле државата за 2,6 милиони евра.

В.В.

Поврзани новости