Екс министерот Миле Јанакиески еден ден пред изборите во 2013 година се јавувал во државните институции и по име и презиме посочува вработени кои морало да бидат притиснати за да излезат на гласање бидејќи биле пасивни.
Според дел од бомбите за случајот Титаник, Јанакиески и се јавува на екс министерката Елизабета Канческа Милевска и дава ппдатоци за двајца вработени во МОБ и Филхармонија кои требало да бидат притиснати за гласање. Истите нарачки ги дава и во Министертвото за правда, за земјоделие и од други државни институции.
Јанакиески дури и самиот им се јавува на пасивните гласачи и ги потсетува дека мораат заедно со фамилијата да излезат на гласање.
-Здраво Душко, тука е Миле Јанакиески. Се зборува дека не си сакал утре да гласаш па да прашам дали е точно, му вели Јанакиески на соговорник.
Соговорникот пак му враќа: Утре од сабајле ќе гласам, таман работа”. На тоа министерот му враќа:” Така треба да биде”.
На изборниот ден Јанакиески добива повик од извесна Јасмина која го информира дека утрината излегла на гласање со целото семејство.