Јанакиески на судење и за случајот „Шпански скали“: Миле е за се крив, па ајде и во ова обвинение!

by Фокус

Во врска со случајот со четирите атрактивни парцели на скопскиот плоштад познат како „Шпански скали“ денеска се одржа првото рочиште, во чии рамки првообвинет е поранешниот министер за транспорт и врски Миле Јанакиески.

-Миле е за се крив па ајде и во ова обвинение – рече Јанакиески, кој се изјасни дека е невин и најави активна одбрана.

Покрај него, обвинети се уште 9 лица за злоупотреба на службена положба и овластување и еден вработен во катастарот за несовесно постапување, кои, според обвинителството, предизвикале штета од 2,6 милиони евра.

-Поминати се 10 години, земјиштата се отуѓени на физички и правни лица, ниту се почнати градбите ниту се плаќани камати – изјави обвинителката Ивана Рајчева.

Обвинетите се товарат дека склучиле договори за продажба на државно земјиште на кое требало да се изградат хотелски комплекси, а една од парцелите била наменета за изградба на „Шпанските скали“, но во 2018 година општина Центар го поништи одобрението за градба.

Поврзани новости