Постапувањето при рушењето на објектот „Космос“ е целосно по закон, изјави министерот за транспорт и врски Миле Јанакиевски, откако Зоран Заев објави телефонски разговори меѓу него и премиерот Никола Груевски, во кои Јанакиевски го брифира Груевски како се одвива процесот на рушење на објектот на Фијат Цаноски по парламентарните избори во 2011 година.
– Градежните инспектори утврдиле дека инвеститорот гради објект кој е повисок за метар и половина и со тоа отспатува од предвиденото во проектот. Во два наврати Министертвото за транспорт и врски му ги уважи жалбите на Цаноски за барањата за локациски услови и одобрението за градба. Со самиот факт дека Цаноски после утврдувањена фактичката состојба дека изградениот објект не е во согласност со проектот побара да не му се урива туку во текот на градбата да го смени проектот, за што и самиот тој изјави на медимуите, потврди дека изградил објект кој отстапува од првичниот проект… – рече министерот за транспорт и врски.
Според него, Заев со објавувањето на ваквите снимки сака да создаде страв кај граѓаните и по секоја цена да дојде на власт.