Во дел од разговорите што ги објави лидерот на СДСМ, Зоран Заев се наведува како, министерот за транспорт и врски Миле Јанакиески се заканува со бркање од работа на наставниците во училиштата, ако не гласаат за ВМРО-ДПМНЕ и плус треба обезбедат уште по еден глас.
– Твоите директори да ги стегнат вработените да гласаат, да одржиш проширен состанок и да ги натераш да гласаат. Кај сите учителки да се јавите и да кажете „Ви благодариме што излеговте на гласање, и да обезбедите уште еден глас за ВМРО- ДПМНЕ во Центар“. Во образование да ги викнете, да ги заплашите, дека ќе ги бркаме. Врз луѓето треба да извршиме притисок. Имаме неколку вработени, што се за Жерновски и им отидов со метла, дека ќе летаат на улица и ќе чистат и метат како цигантите. Луѓето ми се правдаат дека фејсбукот им го користат други луѓе – се наведува во еден од разговорите меѓу Јанакиески и Ирена Мишева од Советот на Град Скопје.
Во друга снимка му објаснуваат на Јанакиески, дека на маил им пуштиле списоци од Градски Паркинг, ЈСП, Водовод и канализација, средни училишта, Универзална сала.