Јанакиески како гаранција ја нуди својата куќа и стан за да излезе од притвор

by fokus

Екс министерот Миле Јанакиески како гаранција дека нема да избега ја нуди својата куќа во Прилеп и еден стан, во вредност од околу 25 милиони денари.

Барањето за прифаќање на неговата гаранција, и укинување на притворот,  неговите адвокати денеска го доставиле до Кривичнниот совет на Кривичниот суд.

Неодамна Апелација го одби барањето на Јанакиески за укинување на мерката притвор. Тој повеќе од 20 дена е во истражниот затвор “Скопје”.

Притворот му беше одреден по барање на СЈО во случајот Титаник, поради опасност од бегство.

В.В.

Поврзани новости