Јанакиески и Пепиќ со задоцнување од еден час донесени на судењето за „Титаник“

by fokus

Со задоцнување од еден час почна судењето за случајот „Титаник“, бидејќи доцнеше спроводот на обвинетите Миле Јанакиески и Мунир Пепиќ од куќен притвор.

Судијата Осман Шабани истакна дека судењето може да почне, коментирајќи дека не знае кој на кого должи извинување, дали МВР на Судот, или Судот на МВР.

На денешното рочиште за изборните манипулации во 2011 и 2013 година, за што обвинети се поранешни функционери од ВМРО-ДПМНЕ, ќе се изведуваат материјални докази. Во моментот се изведува доказот под број 1.009,  а вкупно има над 4.000 докази.

Поврзани новости