Јанакиески и Божиновски утре во Апелација ќе бараат да им се укине притворот

by fokus

Екс министерот Миле Јанакиески и поранешниот генерален секретар Кирил Божиновски утре, на јавна седница во Апелација, ќе бараат да им се укине притворот.

Јанакиески и Божиноски веќе втора недела се во притвор, откако по барање на СЈО завршија во истражниот затвор „Скопје“, поради наводен план за бегство. И двајцата притворот го добија како обвинети во случајот „Титаник“, односно за изборните нерегуларности во 2011 и 2013 година.

Неделава во Апелација ќе бидат разгледани и жалбите на притворените во случајот „Империја“, но и на поранешниот прв човек на УБК, Сашо Мијалков, кој беше притворен поради опасност од бегство, а во случајот „Таргет и Тврдина“.

Поврзани новости