Јанакиески е вратен од болница во притвор

by fokus

Екс министерот за транспорт и врски, Миле Јанакиески, денеска е вратен во притвор во Истражниот затвор во Шутка бидејќи лекарите утврдиле дека нема потреба од хируршка интервенција. Јанакиески пред пет дена беше пренесен во приватна болница, каде требаше да му биде извршена операција на срце.

Од затворот во Шутка потврдуваат дека Јанакиески е вратен во притворското одделение. Од таму велат дека по направените испитувања, утврдено е дека неговата здравствена состојба е добра.

Јанакиески штрајкуваше со глад во затворот во Шутка, но го прекина штрајкот по препорака на лекарите. Тој доби нова мерка притвор како осомничен за аферата „Шпански скали“.

Поврзани новости