449
Адвокатот Еленко Миланов на денешната јавна седница на Апелацискиот суд истакна дека случајот ТНТ од самиот почеток се водел погрешно и оти не може ни самата пресуда да биде поинаква.
Тој е бранител на поранешниот министер за транспорт и врски Миле Јанакиески за кој рече дека од сите досега обвинети е најдолго во домашен притвор. Миланов рече дека Јанакиески е во домашен притвор четири години и десет месеци.