Јанакиески бил заразен со Ковид-19, не дојде на судењето за „ТНТ“

by fokus

Поранешниот министер Миле Јанакиески денеска не се појави на судењето за „ТНТ“, поточно за рушењето на „Космос“ на бизнисменот Фијат Цановски. Неговите адвокати приложиле позитивен тест на Ковид-19, направен во приватната болница „Систина“.

Доколку до крајот на месецот не се одржи рочиште за овој случај, ќе поминат 90 дена од рочиште до рочиште, поради што случајот би почнал од почеток.

Следното рочиште е закажано за 8 февруари.

Во случајот обвинети се повеќе лица, меѓу кои и поранешниот министер за транспорт и врски Миле Јанакиески и тогашниот градоначалник на Општина Гази Баба Тони Трајковски, додека во отсуство му се суди на екс премиерот Никола Груевски.

Пред една недела Јанакиески со полициска придружба, со оперирана нога, со штаки беше спроведен на судското рочиште за случајот „Топлик“.

В.В.

Поврзани новости