По три години, екс министерот Миле Јанакиески, сам, без полициска придружба, денеска дојде на судење во Кривичниот суд, откако Апелација одлучи да му го укине куќниот притвор.
– Постапувајќи по жалбата изјавена од одбраната на М.Ј., обвинет во предметите со КОК 53/17 означен како „Т.Н.Т.“, КОК 7/18 означен како „Титаник“, КОК 9/19 означен како „Талир“, КОК 57/17 означен како „Топлик“, КОК 52/17 означен како „Траекторија“ и КОК 30/20 означен како „Шпански скали“, ја уважи жалбата за укинување на мерката куќен притвор, информираат вчера од Основен кривичен суд Скопје.
Но, веднаш со нов притвор се закани шефицата на Обвинителството за гонење на организиран криминал и корупција, Вилма Русковска, која изјави дека поради оваа околност ќе бараат притвор за Јанакиески за случајот „Организаторите на 27 април“. Јанакиески за овој случај, со првостепена пресуда, беше осуден на казна од 6 години и 3 месеци.