Јанакиески 40-от роденден ќе го „прослави“ во судница

by fokus

Екс министерот за транспорт и врски Миле Јанакиески денеска полни 40 години. Иако му е роденден, тој неколку час ќе помине во судница, бидејќи во моментот се оддржува судско рочиште за случајот „Траекторија“.

На денешното рочиште ќе бидат презентирани смс пораки меѓу обвинетите, а поврзани со изградбата на автопатите Кичево-Охрид и Миладиновци-Штип. Во овој предмет покрај Јанакиески обвинети се и поранешниот премиер Никола Груевски, поранешниот вицепремиер Владимир Пешевски, ексминистерот за транспорт и врски Миле Јанакиески и поранешниот директор на ЈП Државни патишта, Љупчо Георгиевски.

Поврзани новости