Не знам зошто имаше потреба да дава такви изјави, со навреди кон мене и госпоѓата Ванковска. Очигледно брзал да ги собере потписите за да дава такви небулозни изјави, изјави градоначалникот на Карпош и кандидат за претседател, Стевчо Јакимовски, во вечерашното интервју во „Топ тема“ на ТВ Телма за изјавите на лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски.
-Изјави карактеристични за лузер, за губитник, кој што си бара алиби доколку ги изгуби изборите. Еве јас имам отворено прашање. Во 2019 година, кој и сметаше на госпоѓата Силјановска да победи на претседателските избори кои што се случија веднаш по промената на уставното име и потпишувањето на Договорот за добрососедство со Бугарија? – Подобро време за победа на опозицијата здравје. Тогаш дури имаше поддршка од мене и мојата партија, изјави Јакимовски кој изминатиов период е во јавна војна со Мицкоски.