Градоначалникот на Карпош, Стевчо Јакимовски во денешното гостување на ТВ 24 раскажа случка со амбасадор со кој влегол во дискусија за македонскиот јазик.
-Велат сме биле против Европа ако сме гласале против францускиот предлог. Да, сум против Европа ако треба да ми го правите ова што ми го правите со име, со јазик, со историја… Да, сум против, што е тоа страшно да се каже?
Еден амабасадор ми вели како била голема придобивка што во Европа ќе влеземе со македонски јазик. Му реков, извинете ама изгледа вие од Европа малку се занесувате дека ние би влегле во Европа без македонскиот јазик. И на други места низ светот се јаде леб. Како тоа мислите дека ние по секоја цена треба да влеземе кај вас, па супер било што ќе ни го прифатите јазикот. Треба колут напред да правиме од среќа?, вели Јакимовски.