Јакимовски стана градоначалник, Богоев му порача да води сметка за урбанизмот и зеленилото

by fokus

Општинската изборна комисија во Карпош денеска им ги врачи уверенијата на новоизбраниот градоначалник Стевчо Јакимовски и советниците од Советот во општината.

Потоа во кабинетот на градоначалникот на општината беше извршено примопредавање на функцијата од страна на досегашниот градоначалник Стефан Богоев и новиот градоначалник Стевчо Јакимовски.

Богоев на Јакимовски му порача води сметка за планската урбанизација и зеленилото во Карпош.

-Се надевам дека при работењето: урбанизацијата ќе продолжи да биде планска и хумана и ќе се води сметка за заштита на јавниот простор, општината ќе продолжи со домаќинското работење, а не со создавање на нови долгови; заштитата на животната средина, зголемувањето на зеленилото и јавната хигиена ќе останат приоритети, напиша меѓудругото Богоев.

По примопредавањето на функцијата градоначалникот Јакимовски одржа состанок со општинската администрација при што на вработените им посака успешна работа во функција на граѓаните.

Поврзани новости