544
Старо-новиот градоначалник на општина Карпош, Стевчо Јакимовски на неговиот фејсбук во живо се правдаше дека тој не ја пеел вулгарната песна, ноќта кога ја славеа победата.
-Тоа беше приватна забава, значи не официјална за мојата победа и не ја организирав јас, туку млади дечки кои ја славеа мојата победа. Микрофонот не беше во моите раце. Јас ја пеев мојата омилена песна постела рози, а тие пееја вулгарно. Но пазете, имаат причина. Едниот од нив, штом дошол после мене градоначалникот го избркал од работа со жена и дете. Жена му во пандемијата изгубила работа, а јас не можев да им помогнам. И другите што пеат исто ги снашло, гневни се. Се изинувам, но потенцирам, забавата беше приватна, не официјална – тврдеше Јакимовски на својот профил.