Претседателскиот кандидат Стевчо Јакимовски од Струмица рече дека е зачуден како професорката Гордана Силјановска Давкова и Стево Пендаровски не реагирале на уцените од страна на Османи и Таравари, кои како што рече, секојдневно ги упатувале.
– Секојдневно сме буквално бомбардирани од нови и нови уцени и закани од страна на господинот Османи и од страна на господинот Таравари и заедно и едниот и другиот велат дека тие нема да влезат во Влада со оној што нема да го смени Уставот и нема да прават Влада со оној што нема да поддржи измена на Уставот во којшто претседателот ќе се бира во Парламентот.
Јас не можам да се изначудам зошто нема никаква реакција од кандидатот Доналд Реган, ниту пак од господинот Стево Пендаровски. Ај што тие не реагираат на овие уцени, но уште повеќе не можам да се изначудам како може да нема реакција ниту од ВМРО-ДПМНЕ, ниту од Мицкоски, ниту од Ковачевски, ниту од СДСМ. Практично се гледа дека водат ноевска политика, односно, главата е ставена во песок и на овие закани и на овие уцени никако не одговараат.
Јас јавно ги прашувам: Ќе се одважите ли некогаш на овие уцени да одговорите со ваш одговор, а тоа е одговорот дека ако има уцени за состав на Влада, ние ќе направиме широка коалиција меѓу ВМРО, СДСМ и сите останати што сакаат да влезат во Влада, па кој сака бујрум, кој не сака нека еди надвор?
Ова го очекува македонскиот народ. До кога мислат да го понижуваат токму партиите кои се претставници на македонскиот народ? Буквално го умревме овој народ од разочарувања и буквално главната причина зошто ни се иселуваат младите луѓе од Република Македонија е токму разочараноста од политичките и духовните водачи на нас Македонците во Република Македонија.
Еве јавно кажувам, зошто не излезете да одговорите на овие закани? Зошто господинот Мицкоски цело време се прави дека тој кога ќе дојде на власт, тој ќе го скротел ДУИ. На ваков ли начин ќе го скротите? Што на сите овие закани вие сте ја ставиле главата како ној во песок и цело време ќутите и ништо не одговарате. Во крајна линија, зошто не излезеш да одговориш дека со уцени и со закани не си подготвен да соработуваш, па макар и да не формираш Влада и да го видам тој што ќе формира Влада
потоа како ќе му се дигне целиот македонски народ затоа што прифаќа уцени и затоа што со секои нови избори, со секои промени на Уставот, нас Македонците не поткусуруваат како монета и практично ништо не останува ниту од нашиот идентитет, ниту од нашиот јазик, ниту од нашата гордост.
Јас морам да прашам, тие велат дека Македонија да била повторно горда. Кога била Македонија горда? Може да одговорат од ВМРО-ДПМНЕ, во времето на Груевски, или пак во времето на Љупчо Георгиевски, или пак во времето на бранко Црвенковски?
Јас знам дека тие одговорот го немаат и тоа им е саом обична парола, а јас јасно ќе им кажам: Најгорди бевме з време на Титова Југославија, тогаш бевме многу поголеми Македонци и се чувствувавме горди. Вашиот начин на практицирање на политиката не доведе да бидеме најпонижен народ во Европа и со свиткана кичма, со прекршена кичма, да одиме кон Европа. И јас сакам јасно да ви покажам дека има граѓани во Република Македонија кои не се согласуваат со овие ваши политики и се подготвени да се спротивстават на сите уцени и закани кои доаѓаат од било кој дел и од било кој политички субјект, без разликадали се работи од внатре од Република Македонија, или пак тоа доаѓа од надвор, истакна Јакимовски.