Градоначалникот на општина Карпош, Стевчо Јакимовски ги повика на одговорност Ивица Георгиевски — Фреди и актуелниот потпретседател на ВМРО-ДПМНЕ, Александар Николовски, за немилиот настан во кој загина еден работник на градилиште.
Тој побара и притвор за нив додека, како што вели, не се утврди степенот на нивната одговорност.
„Со ова багерче ли се копа волква јама? Се се, само профитот да биде поголем. Ова е машина за копање ровови за местење кабли, а не за градежни јами. И наместо со багер со гасеници, копале со багер со тркала. Во какви ли маки починал кутриот човек?
Ќе се огласи ли БИСИ?
Ќе се огласи ли Ивица Георгиевски – Фреди?
Ќе се огласи ли Александар Николовски?
Имавте ли градежна дозвола денот кога е направено ова злодело поточно 24.11.2023?“ праша Јакимовски.
Меѓудругото, Јакимовски вели дека во моментот на несреќата, Фреди немал градаежна дозвола. Тој ги обвини Фреди и Николовски дека вршеле притисоци врз надлежните институции.
„Вака необезбедената јама предизвикала уривање на соседната куќа, која има 7 наследници и за која се води судска постапка. Луѓето од надлежните институции кажуваат дека е правен невиден притисок и давани непристојни предлози за да се минимизира нивната неодговорност. Предизвикале несреќа и изгубен е човечки живот, направена е значителна материјална штета. Тоа се две кривични дела. Со оглед на тоа дека вршеле притисок врз надлежни институции, може да го повтори кривичното дело затоа што гради на други места и може да избега. Се поставува прашањето дали овие луѓе не треба да бидат притворени додека не се утврди степенот на нивната одговорност?“ напиша Јакимовски на Фејсбук.