Јакимовски: Новата автобуска линија од Жданец беше мое предизборно ветување

by fokus

Кандидатот на ГРОМ за градоначалник на општина Карпош Стевчо Јакимовски денеска објави дека веќе е реализирано едно од неговите предизборни ветувања, а се уште не е официјално избран за градоначалник на општината. Јакимовски се заблагодари на одлуката на градските власти да воведат автобуски превоз од Трнодол и Жданец до Сити Мол, проект за кој тврди дека го најавил пред две недели, а кој денеска го промовираше кандидатот за градоначалник на Карпош од СДСМ, Душко Весковски.

– Ја поздравувам одлуката на градските власти да воведат автобуски превоз од Трнодол и Жданец до Сити Мол. Имајќи предвид дека тоа е мое изборно ветување од пред повеќе од десет дена. Посебно сум среќен што практично веќе едно ветување кое сум го дал на граѓаните на општина Карпош веќе е исполнето, а се уште не сум градоначалник на општина Карпош. Во исто време сакам да ги потсетам дека го заборавија Средно Нерези. Во мојот предлог покрај Трнодол и Жданец предлагам и Средно Нерези да биде вклучено во градскиот превоз до Сити Мол, рече Јакимовски.

Поврзани новости