Јакимовски: Никола, не му се правдај на Мицкоски, покажи му на следни избори кој е кој!

by fokus

Лидерот на ГРОМ и градоначалник на Карпош, Стевчо Јакимовски денеска преку Фејсбук статус му порача на Христијан Мицкоски да отиде до Будимпешта по совет од Никола Груевски, а не да плаче по интервјуа за странски медиуми.

-Лидерот на опозицијата Мицкоски е соочен со фактот дека Никола Груевски не само што има висок рејтинг туку и неговата популарност постојано расте.
Иако сатанизиран, прогонуван, осудуван и приморан да бега и без било какви ресурси од Будимпешта повремено ќе се јави со некој напис има повисок рејтинг од овој кој ја има целата партиска инфраструктура, ПР служба и медиуми.
Уплашен доколку Груевски во која било форма се појави на изборите дека тој (лично тој Мицкоски) нема да биде власт во Македонија јавно плаче во интервју на Франфуртер Алгемајне Цајтунг дека наводно владата имала комуникација со поранешниот премиер.
Што да ти кажам Христијан?
Не е проблемот дали Владата комуницирала со него, клучно прашање за ВМРО ДПМНЕ и опозицијата е зошто ти не комуницираш со Груевски?
Да беше паметен до сега од него ќе слушнеше некој умен совет и ќе дојдеше на власт, а не 7 години да седиме во опозиција.
Наместо јавно да кукаш над судбината запали колата отиди до Будимпешта, пресрами се и побарај совет зошто се наоѓаш во ситуација во која незнаеш да најдеш излез и што би рекле Кумановци: „Пречаш као пиле у кучина“.
Убаво е на членството да му одговориш колку пати си бил во Будимпешта и колку пати си се сретнал со тој што те стави на престолот да седиш на чело на четирите свети букви, напиша Јакимовски.

Тој додаде дека Груевски треба на следните избори да му покаже на Мицкоски кој е кој во македонската политика.

-Му се чудам и на Никола што воопшто му се правда, туку напротив треба јавно да му каже дека на наредните парламентарни избори ќе види кој е кој во македонската политика!

Поврзани новости