390
Лидерот на ГРОМ и градоначалник на Карпош, Стевчо Јакимовски во утринското гостување на ТВ 24 одговори потврдно дека градоначалникот на општина Аеродром, Тимчо Муцунски се обидел да купи советник на ГРОМ со понуда за вработување.
-Да, имаше таков обид. На наш советник му било понудено вработување во општина Гази Баба или во приватниот сектор. Но, нема потреба од такви работи, затоа што нашите советници нема да прават опструкции како што советниците на ВМРО-ДПМНЕ ми прават мене во Карпош, рече Јакимовски.