Веднаш по најавата на градоначалникот на Центар, Андреј Жерновски дека ќе го тужи за клевета колегата од Карпоши поранешен сопартиец во ЛДП, Стевчо Јакимовски, лидерот на ГРОМ попладнево реагираше дека „Жерновски продолжил со иста песна“.
– Не само што не најде доблест да се извини за последните инциденти, туку ниту барем да се огради од хулиганското друштво околу него кое му е на платен список. Напротив, тој и натаму изигрува „навредена примадона“ и повторно плаче. Ме плаши со тужби?! А кога веќе милува да споменува стил и начин на изразување, само малку ќе го потсетам дали јас него или тој мене ме нарекуваше коњ? На минатогодишните митинзи во Лептокарија пред неколку стотини граѓани, со цел да се направи поголем Кмер од „црвените Кмери“, ме нарече коњ! Јас сум научен да трпам машки и клевети и навреди и удари од политички ривали. Тој очигледно е навикнат само на пофалби и величења. И на крајот околу пристојниот речник и стилот: Кој во кампања имаше слоган „Змија или магаре“ јас или тој со неговите другари? Повулгарно нешто немало на македонската политичка сцена – изјави Јакимовски.
Жерновски ќе го тужи Јакимовски за вчерашното интервју во „Вечер“.