Јакимовски ме навреди мене и мојата сопруга, истакна Мицкоски

by Фокус

По повлекувањето на ГРОМ од Коалицијата на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски денеска нагласи оти очекува Стевчо Јакимовски да делува опозициски. Тоа, според него, нема да има негативно влијание, туку поголема додадена вредност во процесот на рушење на оваа Влада.

-Моите односи после сите овие навреди кои ги слушнав изминативе денови кои тој ги искажа за мене, се прекинати. И не гледам зошто да имаме односи, сепак човекот во неколку наврати лично ме навреди, моето семејство и мојата сопруга, итн. и навистина тоа е недостоинствено да го коментирам. Ќе му посакам многу среќа и успех понатаму – рече Мицкоски.

Поврзани новости