„Македонија не е држава која ја бомбардирала или учествувала во бомбардирањето на Сирија и затоа нема обврска да ги прими бегалците. Кој ги бомбардирал, тој нека ги носи кај него, а во случајот тоа се САД и Русија, напиша актуелниот градоначалник на скопската општина Карпош, Стевче Јакимовски на својата страна на фејсбук, во контекст на наводната изградба на бегалски кампови.
– Не можеме да се согласиме да ни донесат бегалци во општина Карпош и да им дадат станови и тоа истите оние што тврдат дека општината е загадена, пренаселена и преурбанизирана. Македонија треба да прими бегалци и таков е редот доколку има воени дејства во регионот, како што тоа беше случајот со бегалците од Босна и Херцеговина и Косово. Општина Карпош не е подготвена да прими 5.000 бегалци од Сирија и да им го загрозува животот на граѓаните. Токму затоа ја потпишувам оваа иницијатива – напиша Јакимовски.