Јакимовски – Карпош ќе има современи објекти како Дубаи, Чикаго, Виена

by fokus

Новите згради кај „Алумина“ предвидени во Деталниот урбанистички план се современи објекти како што има во Дубаи, Чикаго, Торонто, Виена, Софија и во Белград, рече денеска градоначалникот на Општина Карпош, Стевчо Јакимовски, на денешната прес-конференција зборувајќи за најавата на советничката група на ВМРО-ДПМНЕ дека ќе поднесат 4 000 амандмани.

-На пример, лага е дека нема да има две висококатници, туку дека ќе има многу повеќе, односно дека ќе има 35-катници. Лага е дека ќе има сенка врз бараките, затоа што овие објекти од девет до 11 ката се повлечени 35 метри од улицата Прашка. Направени се симулации дека воопшто не ги загрозува ни кога е најниско сонцето. Понатаму, лага е дека се земени висини од другите бараки за да се додаде овде висина, кога еве тоа е сосема посебен блок и воопшто не пречат во блокот каде што се бараките. Значи дека и со Генералниот урбанистички план е водено сметка и за инфраструктура и за водоснабдување и за канализации, за училишта и градинки. Еден проект кој е современ очигледно настојуваат да го искористат како еден маркетинг, неуспешен маркетинг. Зошто? Зошто тој исти проект два пати беше презентиран пред советниците и никој од советничките групи не дадоа некаква сугестија иако беа прашани, туку напротив советничката Невена Георгиевска стана и кажа ’Јас искрена да бидам, мене овој проект многу ми се допаѓа, ама нека се прави на некое друго место’,
рече градоначалникот на Карпош.

Со Деталниот урбанистички план за „Алумина“ се дозволува изградба на згради со 35 ката. Планот во моментов е на јавна анкета, а анкетни листови можат да поднесат само сопствениците на земјиштето.

Поврзани новости