Јакимовски: Како релативно тивок човек, Иванов направи многу повеќе отколку што очекувавме

by fokus

Претседателот на ГРОМ и поранешен градоначалник на Карпош, Стевче Јакимовски во синоќешното гостување „Во Центар“ кај Васко Ефтов, говореше за политичката состојба во Република Македонија.

Тој не пропушти прилика да упати критики кон актуелната власт и според него, ова е најцрниот период во државата.

„Јас лично мислам дека претседателот Иванов направи повеќе отколку што очекувавме, како еден релативно тивок човек. Знаејќи ја состојбата, ако имавме други претседатели или ако споредувавме со претходните, тие ќе беа многу послаби. Неговиот говор во Парламентот беше како со скенер отсликување на состојбата во државата“, истакна Јакимовски.

Поврзани новости