Јакимовски: Го убедуваа Панчо Минов да поддржи уставни измени, но нема да попуштиме

by Фокус

Новата истрага на Специјалното јавно обвинителство во која сум опфатен јас е поради тоа што пратеникот на ГРОМ Панчо Минов не попушти да гласа за уставни измени во парламентот, обвини лидерот на ГРОМ Стевчо Јакимовски.

-Имаше непристојни понуди. На два пати го викаа Минов на разговори за да го убедуваат да гласа, во предмет на разговорот сум бил и јас. Нормално дека не попуштивме, и нема шанси да попуштиме. Многу добро знаат кој го повикувал нашиот пратеник, по налог на Зоран Заев. Нема шанса да попушти ГРОМ и нема шанса да гласа – вели Јакимовски во интервју за Инфомакс.

Поврзани новости